Нико Ковач, во периодот 2018-2019 беше тренер на Баерн Минхен. Не се задржа долго на функцијата и покрај тоа што беше донесен како долгорочно решение. Кога доби отказ, германските медиуми пишуваа дека остана без работа, бидејќи не успеал да изгради добар однос со играчите.
Шпанецот, Хави Мартинез, кој лани по девет години го напушти Баерн, открил дека играчите не верувале во методите на Ковач.

