28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНикогаш не треба да ги мешате овие намирници и лекови!

Никогаш не треба да ги мешате овие намирници и лекови!

Овие се четири најопасни комбинации на лекови и храна на кои сериозно треба да обрнете внимание.

– Зелен зеленчук (брокули, спанаќ, прокељ) кој е богат со витаминот К, го поништува антикоагулативното дејство на разредувачите на крвта, па така оваа комбинација никако не се препорачува.

– Одделни лекови против зголемен притисок го зголемуваат нивото на калиум во организмот. Доколку се комбинираат со банана, која исто така е богата со калиум, оваа комбинација може да го поремети правилниот срцев ритам или да предизвика лупање на срцето.

– Храна богата со растителни влакна (како оревите) спречува апсорција на одделни лекови против болести на штитната жлезда. Доолку консумирате големи количини од овие намирници, можеби би требало да ја зголемите дозата на лекот, нормално во консултација со вашиот лекар.

– Сокот од грејпфрут го зголемува нивото на лекови за намалување на холестеролот во крвта, а последица се зголемените шанси за појава на несакани дејства како болки во нозете. Консумирањето на оваа намирница исто така би требало да ја избегнувате доколку земате лекови против зголемен крвен притисок, абнормален срцев ритам или анксиозност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП