Осумкратниот гренд слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер смета дека Рафаел Надал најмногу „профитирал“ од сагата со откажувањето на визата на светскиот рекет број 1 пред Австралија опен.
„Нема сомнеж дека исклучувањето на Новак Ѓоковиќ целосно го поремети овој гренд слем. Рафаел Надал е тој што најмногу доби од ваквата ситуација. Со Ноле во турнирот, тој ќе имаше многу помалку шанси да го крене трофејот“, вели Бекер во својата колумна за „Дејли мејл“.

