
Францускиот шампион ПСЖ испратил понуда до Барселона за Педро Родригез, информираат медиумите во Шпанија.


Францускиот шампион ПСЖ испратил понуда до Барселона за Педро Родригез, информираат медиумите во Шпанија.
Според информациите кои пристигнуваат од Пиринејскиот полуостров „светците“ понудиле 40 милиони евра за крилото на Барса и шпанската репрезентација, но малку е веројатно дека „каталонците“ ќе се разделат со него.
Самиот фудбалер неодамна изјави дека е поласкан од фактот дека е посакуван од некои од европските гиганти, но во оваа фаза иднината му е поврзана со Барселона.
Во исто време ПСЖ јасно покажува дека до крајот на трансфер прозорецот има намера да се засили и да му доведе уште една ѕвезда на новиот тренер Лорен Блан.