26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Foxconn“ очекува „невиден“ квартал

„Foxconn“ очекува „невиден“ квартал

Клучниот снабдувач на чипови на „Apple“, тајванскиот гигант „Hon Hai Precision Industry“, познат и како „Foxconn“, би можел да постигне „невидени“ перформанси во првиот квартал, според неговиот претседател Јанг Лиу, цитиран од „Bloomberg“.

Цената на акцијата на „Hon Hai“, најголемиот подизведувач на електроника за меѓународни брендови како што се „Nintendo“ и „Apple“, се зголеми за речиси 1,5% во Тајпеј. Производителите ширум светот се борат за складирање залихи бидејќи стравуваат од нови блокади поради избувнувањето на варијантата омикрон и други несигурности кои дополнително би можеле да влијаат на синџирите на снабдување.

„Нашите перформанси во првиот квартал можеби се пред последните неколку години, а некои клучни директори веројатно ќе добијат само два дена одмор за Кинеската Нова Година“, рече Лиу во неделата.

Претходно овој месец, извршниот директор на „Taiwan Semiconductor Manufacturing Co.“, С.С. Веј им рече на аналитичарите дека очекува компаниите да одржуваат високо ниво на залихи во споредба со минатото за да бидат сигурни дека какви било проблеми со снабдувањето нема да влијаат на нив.

Најголем дел од операциите на „Foxconn“ се во Кина. Повеќето канцеларии и фирми во земјата од 31-ви јануари ќе бидат затворени седум дена по повод новогодишните прослави.

Освен што е еден од најважните производствени партнери на „Apple“, тајванскиот гигант произведува уреди и за други познати брендови како „Dell Technologies“, „Sony Group“ и „Nintendo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП