Манчестер јунајтед успеа да слави победа над Вест Хем. Стрелец на единствениот гол беше Маркус Рашфорд, буквално во последните секунди од натпреварот.
„Црвените ѓаволи“, уште еднаш одиграа неинтересен натпревар и покрај тоа што повеќе ја контролираа топката. Упатија само три удари во рамките на голот, а најдобрата шанса ја имаше Фред во 5о. минута, кога неговиот удар го одбрани Алфонс Ареола.

