1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОEто пристигна во Челзи?

Eто пристигна во Челзи?

Samuel-Etoo-Anzi-Makhachkala

Екипата на Челзи по купувањето на Вилиан доведе уште еден играч од Анжи, па така екипата на Жозе Мурињо ја засили и Самуел Ето.

Камерунецот повторно ќе соработува со Португалецот со кој ја освои Лигата на шампионите со Интер во 2010-та година.

Со доаѓањето на овие два играчи индиректно се реши и прашањето за Вејн Руни, за чиј трансфер Челзи и Манчестер Јунајтед преговараа веќе неколку недели.

Се шпекулира дека трансферот на 32-годишниот Ето, „сините“ ќе ги чини околу два милиони фунти.

Поради тоа што сега има многу играчи во нападот на лондонскиот тим, англиските медиуми шпекулираат за евентуалните заминувања на Демба Бе, Виктор Мозес, а дури се споменува и Хуан Мата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП