
Бундеслигашот Штутгарт го отпушти тренерот Бруно Лабадија, ден по третиот пораз од стартот на оваа сезона.


Бундеслигашот Штутгарт го отпушти тренерот Бруно Лабадија, ден по третиот пораз од стартот на оваа сезона.
На „швабите“ никако да им тргне оваа сезона, а во првите три кола од германското првенство не освоија ниту еден бод и моментално се наоѓаат на последното место на табелата.
„Раководството на Штутгарт од обврски го ослободи тренерот Бруно Лабадија, како и неговиот помошник Ердинк Созер“, стои во соопштението на клубот.
Лабадија дојде во 2010-та година, а неговиот сега веќе поранешен тим на стартот од оваа сезона загуби во пресметките со Мајнц, Баер и Аугсбург.