20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБабин сируп против кашлање

Бабин сируп против кашлање

Домашниот, бабин сируп е еднакво делотворен како и фабричкиот, но во неговиот состав влегуваат само природни состојки.

Состојки:

250 грама сиров мед

60 мл. ладно цедено маслиново масло

Сок од три лимони

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во мало тенџере и загревајте ги на тивок оган додека сирупот не започне да испарува. Тргнете го од оган и оставете го да се олади. Сирупот ставете го мала тегла која добро ќе ја затворите. Можете да го чувате во ладилник три месеци. Користете го по потреба.

Пред употреба промешајте и загрејте. Користете и при првите знаци на настинка или грип. Децата можат да јадат до три лажички дневно. Возрасните можат по две лажици дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП