20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток од три едноставни состојки за побрз метаболизам и полесно слабеење

Напиток од три едноставни состојки за побрз метаболизам и полесно слабеење

Освен што е евтин, вкусен и без калории, овој напиток има три важни улоги во здравјето: го чисти организмот од отрови, го забрзува метаболизмот и помага при слабеењето.

Освен јаболките, основната состојка на овој напиток е и циметот. Антиоксидантите од него го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и ја намалуваат потребата за јаглехидрати, не поттикнувајќи притоа зголемено лачење на инсулин, што е важен фактор за успешното слабеење.

Редовното провоцирање на инсулинот го забрзува таложењето на масти во телото. Со употребата на цимет, велат експертите, лачењето на инсулинот ќе биде под контрола, што ќе овозможи успешно топење на масните наслаги.

Истражувањата покажаа дека консумирањето на само половина лажичка цимет на ден можете да ја намалите количината на лошиот холестерол, а тој исто така ќе ви помогне и при процесот на варење и намалувањето на триглицериди.

Затоа подгответе вода со јаболки и цимет, која содржи нула калории. Она што ви е потребно е јаболко, едно стапче цимет (или чајна лажичка цимет во прав), и околу 1,5 до 2 литри зовриена или филтрирана вода.

Исецкајте го јаболкото на кришки, додадете цимет и прелијте со вода. Оставете да отстои од еден до два часа, потоа пијте ја течноста во текот на целиот ден.

Комбинацијата на јаболко и цимет фантастично го регулира метаболизмот и ефикасно ја намалува тежината елиминирајќи го вишокот течности од телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП