8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовите слушалки за виртуелна реалност на „Apple“ би можеле да чинат околу...

Новите слушалки за виртуелна реалност на „Apple“ би можеле да чинат околу 2.000 долари

Неодамнешниот извештај покажа дека „Apple“ има проблеми со долгоочекуваните слушалки за „AR/VR“ поради прегревање на уредот, проблеми со камерата и софтверот, што може да ја принуди компанијата да ги одложи своите планови за воведување слушалки за мешана реалност во оваа година. Но, сега има дополнителни детали за слушалките за кои се зборува веќе некое време.

Во претходните извештаи, Марк Гурман, известувач на „Bloomberg“, навести дека слушалките за „AR/VR“ на „Apple“ ќе бидат „скапи“. Иако аналитичарите предвидуваа дека производот ќе чини околу 3.000 долари, новинарот на „Bloomberg“ во својот најнов билтен „Power On“ вели дека „Apple“ размислува за цена од околу 2.000 долари.

„Apple“ обично наплаќа нешто повеќе од своите конкуренти за производите. Новите слушалки нема да бидат исклучок, но главната причина зошто компанијата размислува за цена над 2.000 долари е поради некои компоненти што ги користи слушалката.

Дополнително, Гурман истакна дека „Apple“ најверојатно ќе го користи чипот „M1 Pro“, или нешто слично за новите слушалки за „AR/VR“.

Чиповите „M1 Pro“ имаат 5nm процесори со 10 јадра, составени од осум јадра со високи перформанси и две ефикасни јадра.

„M1 Pro“ има графички процесор со до 16 јадра. Покрај тоа, „M1 Pro“ има до 32 GB RAM со 200 GB / s проток.

Слушалките за мешана реалност на „Apple“ најверојатно ќе се фокусираат на игри, медиуми и комуникација, истакнува Гурман, како и познатиот аналитичар Минг-Чи Кво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП