6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Јорганџиите“ го сакаат Мата

„Јорганџиите“ го сакаат Мата

matanova

Раководството на Атлетико Мадрид испрати формална понуда за играчот за врска на Челзи, Хуан Мата. Според информациите од Шпанија, „јорганџиите“ се надеваат дека ќе успеат да го земат на едногодишна позајмица шпанскиот репрезентативец.

За трансфер на Хуан Мата се зборуваше уште при враќањето на Жозе Мурињо на „Стемфорд Брдиџ“, иако Португалецот продолжува да тврди дека ќе смета на услугите на Мата и дека не сака да се оддели од него.

Денес од Челзи официјално потврдија за трансферот на Бразилецот Вилин од рускиот Анжи Махачкала, што дополнително ги зајакнува шпекулациите за иднината на Мата.

Шпанецот одигра брилијантно за „сините“ по пристигнувањето во Лондон од пред две сезони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП