Канадскиот репрезентативец и лев бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, има миокардитис и ќе паузира неколку недели, потврди тренерот на германскиот шампион, Јулијан Нагелсман.
21-годишниот Дејвис беше еден од деветте фудбалери на Баерн што беа позитивни на Ковид-19 во текот на зимската пауза во Бундеслигата и сега поради воспаление на срцето, ќе паузира подолго време.
