Гласините сугерираат дека овогодинешниот „Apple Watch“ нема да ги имплементира функциите што веќе ги нудат некои други брендови.
Следењето на нивото на шеќер во крвта, како и мерењето на крвниот притисок, се две важни функции неодамна имплементирани од различни производители на паметни часовници. Сепак, има извештаи дека „Apple“ нема да имплементира ниту една од овие две функции во скоро време.
Следниот голем сензор што „Apple“ ќе го имплементира во „Apple Watch“, според упатените нема да вклучува можност за следење на шеќерот во крвта или сензорот за следење на крвниот притисок.
Двете функции се многу важен додаток на паметните часовници, но не е познато кога тие ќе станат достапни на паметниот часовник на „Apple“.
Со текот на времето, „Apple Watch“ последователно добиваше суштински карактеристики и способности, и не е јасно зошто гореспоменатите две функции не треба да се додадат во екосистемот на „Apple Watch“.
Гласините, од друга страна, укажуваат дека во текот на оваа година паметниот часовник би можел да добие опција за мерење на телесната температура.
Во 2022-ра година се очекува да бидат претставени три модели на „Apple Watch“, како и ажурирање за „Apple Watch SE“.