14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООна кога ќе го заборавиш името на твојот најголем клиент: Адвокатите на...

Она кога ќе го заборавиш името на твојот најголем клиент: Адвокатите на Ѓоковиќ направиле грешка во судски документ

Австралиската адвокатка и поранешна реалити ѕвезда Белинда Робинсон забележала грешка во правните документи поврзани со Новак Ѓоковиќ, објавија странски медиуми.

На еден од документите што ги доставиле неговите адвокати, името на тенисерот било погрешно напишано, тој бил преименуван во Новак Ѓокавац.

„Она кога ќе го заборавиш името на твојот најголем клиент“, напиша Белинда на својот инстаграм-профил со скриншот од документот.

Тенисерот го застапуваат адвокати од адвокатската канцеларија Hall & Wilcox.

Ова не е единствената грешка што се случи во текот на австралиската драма на Ѓоковиќ. Властите во Австралија вчера на медиумите и на јавноста им овозможија следење на виртуелното донесување судска одлука по жалбата на тенисерот за укинувањето на визата, но ова се претвори во бурлеска бидејќи на интернет-линковите наместо судски процес се емитуваше порнографија.

Имено, како што објави „Ројтерс“ во понеделникот, пранкови го хакнале виртуелното судско рочиште на Ѓоковиќ за да стримуваат музика и порнографија.

„Напорите на Австралија да им дозволи на медиумите и јавноста да го следат рочиштето по жалбата на тениската суперѕвезда против укинувањето на неговата виза, во понеделникот се претвори во фарса, откако пранкерите ги хакнаа интернет-линковите за да емитуваат гласна музика и порно,“ пренесува агенцијата.

Среде ограничувања поради коронавирусот, рочиштето беше одржано виртуелно, преку аудиовизуелни врски меѓу судот и адвокатите на владата и на Ѓоковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП