5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ и Барти први носители на АО

Ѓоковиќ и Барти први носители на АО

Организаторите на Австралија опен, објавија дека Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител во машка конкуренција. Кај дамите, прва носителка ќе биде домашната фаворитка, Ешли Барти.

Новак Ѓоковиќ, во Мелбурн, ќе се обиде да ја освои десеттата титула, секако доколку нешто не се смени во наредните денови. Министерството за имиграција се уште може да му ја одземе визата и да го депортира од Австралија.

Меѓу првите пет носители, покрај Ѓоковиќ се Данил Медведев, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов.

Рафаел Надал, кој исто како Ѓоковиќ имаа 20 гренд-слем трофеи е шести носител.

Дамите ги предводи Ешли Барти, која ќе се обиде прв пат во кариерата да победи на домашниот гренд-слем. Барти во кариерата има титула на Ролан Гарос во 2019 и Вилблдон во 2021 година.

Меѓу првите пет носителки се Алина Сабаленка, Гарбиње Мугуруса, Барбора Крејчикова и Марија Сакари.

Отвореното првенство на Австралија во тенис ќе се одржи од 17. до 30.јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП