27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКороната посебно напаѓа еден орган, а не се белите дробови!

Короната посебно напаѓа еден орган, а не се белите дробови!

Короната е системско заболување кое може да ги зафати сите органи во телото, а почна да се истакнува уште една последица за која досега не се зборуваше – ефектот на корона вирусот врз бубрезите.

Српскиот уролог проф. д-р Александар Милошевиќ за „Курир.рс“ вели дека корона вирусот го погодува целиот организам, вклучително и клетките внатре во бубрезите.

Влијанието може да биде директно, вирусот да делува на самите клетки, но може да дојде до инфекција и преку крвотокот. Тоа го поткрепуваат и податоците за пациенти кои по лежење влегле во состојба на бубрежна слабост – рече тој.

Една од последиците може да биде многу опасна, предупреди урологот.

-Тоа може да доведе до целосна бубрежна блокада, а потоа пациентот мора да оди на дијализа. Јачината на вирусот можеби се намалува, според најновите показатели, но инфекцијата ги погодува сите клетки во нашето тело, изјави проф. д-р Милошевиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП