Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, повторно е позитивен на коронавирусот. „Спортиталија“, објави дека покрај Елмас, позитивен тест добил и еден член на стручниот штаб.
Вчера беше објавено дека Елмас повеќе не е во изолација и тој отпатувал со тимот во Торино, каде Наполи вечерва ќе му гостува на Јувентус.

