Сите тенисери кои барале медицинско ослободување ќе играат на Австралија опен. Исклучок е Новак Ѓоковиќ, на кого австралиските власти му ја укинаа визата. Адвокатите на светскиот број 1 вложија жалба на оваа одлука. Судот закажа рочиште по што ќе биде познато дали деветкратниот победник во Мелбурн ќе добие можност да ја брани титулата.
Медицински исклучок од австралиските власти побарале 23.тенисери, вклучувајќи го и Ѓоковиќ, сите тие поминали низ истиот процес. Две независни комисии составени од експерти ги разгледувале барањата. Едната комисија е составена од Тенискиот сојуз на Австралија, а другата од владата на Австралија.

