29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТесла продаде повеќе автомобили отколку што произведе

Тесла продаде повеќе автомобили отколку што произведе

Во рекордната 2021 година, Tesla продаде повеќе автомобили отколку што произведе, покажуваат податоците на компанијата објавени во неделата.

Тесла продаде 936.172 електрични возила минатата година, што е речиси двојно повеќе од претходниот рекорд од 2020 година од 499.647 единици.

Во последниот квартал од минатата година на клиентите им беа испорачани 308.600 електрични возила, што е речиси една третина од минатогодишниот. Како резултат на тоа, компанијата успеа да продаде повеќе автомобили отколку што произведе за една година (930.422 единици).

Тесла е основана од американскиот претприемач Илон Маск во 2003 година.

Седиштето е во американскиот град Пало Алто во Калифорнија.

На почетокот, компанијата се специјализираше исклучиво за производство на електрични возила, а подоцна се вклучи во производството на соларни панели и други системи за складирање на енергија.

Во октомври 2021 година, пазарната вредност на Тесла за прв пат надмина илјада милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП