Тесла ќе повлече повеќе од 475.000 електрични автомобили од типовите „model 3“ и „model s“ поради проблеми со багажникот и камерата која ја снима околината зад возилото, што го зголемува ризикот од судари, објави Американската агенција за безбедност во сообраќајот.
Американскиот производител повлекува од пазарот 356.309 примероци од „model 3“ направени од 2017 до 2020 година поради проблеми со камерата и 119.009 примероци од „model s“ поради неисправен преден капак на багажникот.

