3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОдлични вести за креаторите на содржини на „Instagram“

Одлични вести за креаторите на содржини на „Instagram“

За време на краткото обраќање преку видео порака, шефот на „Instagram“ Адам Мосери понуди увид во тоа што се очекува од платформата во наредниот период.

„Ќе мораме да го преиспитаме статусот на „Instagram“, бидејќи светот брзо се менува и ние мора да се менуваме со него“, истакна Мосери.

Тој најави дека „Instagram“ ќе ги зајакне сите свои видео производи околу функцијата „Reels“ и ќе продолжи да ја развива таа услуга.

Кога станува збор за креаторите на содржини, беше истакнато дека „Instagram“ ќе имплементира повеќе алатки за монетизација на содржината за да им помогне на корисниците да заработат пари од она што го објавуваат.

Тоа значи дека главниот фокус на компанијата, во текот на 2022-ра година, ќе биде ставен на видео содржините, како и на сервисот „Reels“.

„Instagram“ ќе посвети повеќе внимание и на контролите, а хронолошкиот приказ на содржината ќе се врати следната година. Беше спомната и опцијата која беше додадена оваа година, а тоа на корисниците им дава поголема контрола врз управувањето со содржината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП