19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛамела од понеделник во Тотенхем

Ламела од понеделник во Тотенхем

lamela

Аргентинецот Ерик Ламела во понеделник од Рома ќе премине во редовите на Тотенхем.

Според информациите од Италија, лондонскиот тим ќе плати 25 милиони евра за играчот од средниот ред кој ќе потпише четиригодишен договор.

Рома пред неколку дена бараше 30 милиони евра, но се согласи за пет милиони помалку кои би можеле да ги заработат во зависност од игрите на Аргентинецот во Премиерлигата.

Се очекува трансферот да биде реализиран во понеделник, но медиумите во Италија истакнуваат дека тој нема да биде завршен се додека Герет Бејл официјално не биде продаден на Реал Мадрид.

Тотенхем вчера најверојатно ја загуби трката со Челзи околу доведувањето на Бразилецот Вилиан, кој не успеаа да го доведат во јануари кога тој одлучи од Шахтјор да се пресели во Анжи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП