28 март, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 27.12.2021 до 01.12.2021

Неделен хороскоп 27.12.2021 до 01.12.2021

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Лесно ќе ги извршувате секојдневните активности, ќе имате среќа па ќе се здобиете и со некој денар повеќе.

ЉУБОВ: Слободните ги очекува голема страст со Јарец. Ќе оставите многу добар впечаток.

ЗДРАВЈЕ: Можна костоболка.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Вашите џебови ќе имаат доволно пари, затоа не грижете се за тоа. Периодот не е поволен за избрзани одлуки.

ЉУБОВ: Слободните ќе запознаат некоја Шкорпија, оние во врска или брак ги очекува стабилен период.

ЗДРАВЈЕ: Проверувајте го почесто крвниот притисок.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Аспектите ви се влошени, ви се советува да не се расфрлате со пари, бидејќи ќе ви недостасуваат.

ЉУБОВ: Ќе бидете среќни на љубовен план, се што очекувавте ќе ви се исполни.

ЗДРАВЈЕ: Релативно добро без сериозни проблеми.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Внимавајте некој од страна да не ви ги расипе деловните планови. Некој ќе сака да ве измами.

ЉУБОВ: Ќе му бидете целосна поддршка на партнерот, но и вие ќе имате потреба од тоа.

ЗДРАВЈЕ: Можен проблем со репродуктивните органи.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: На деловниот план ќе ви владее колебливоста. Нема да знаете кој потег да го направите, па ќе се најдете во проблеми.

ЉУБОВ: Ќе бидете малку скржави со емоциите. Нема да имате време за партнерот, односно тоа нема да ви биде приоритет.

ЗДРАВЈЕ: Ви се препорачува одмор.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Имате доста енергична недела пред вас, ќе имате премногу обврски и ќе бидете во трчање, но на крајот се ќе завршите без проблем.

ЉУБОВ: Вашиот социјален живот е на завидно ниво, па се очекува да не бидете уште долго време слободни.

ЗДРАВЈЕ: Бубрезите ви се слаба точка.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Ќе имате предизвикувачка ситуација на полето за финансии и ќе морате добро да размислите каде ќе ве одведе целата таа енергија во која сте се вплеткале.

ЉУБОВ: Во љубовта работите ќе бидат променливи. Можни се и нежности и кавги.

ЗДРАВЈЕ: Ќе бидете исцрпени.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Внимавајте некои лица со кои можете да започнете соработка може да бидат неискрени и да ве изиграат.

ЉУБОВ: Внимавајте на кавгите во врската или бракот, ќе ви станат секојдневие.

ЗДРАВЈЕ: Проверете го статусот на хормоните.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: На деловниот план ќе имате поддршка од еден Јарец или Бик. Ќе имате доволно време успешно да ја завршите деловната година.

ЉУБОВ: Ќе ве надвладеат силните емоции. Доколку партнерот не ви возврати, можно е да побарате внимание кај некој друг.

ЗДРАВЈЕ: Проверете ја крвната слика.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Можно е нешто да ви го попречи текот на финансиите. Ќе имате некој проблем за кој ќе ви биде потребна туѓа помош.

ЉУБОВ: Ќе бидете многу романтични, а партнерот ќе ви возврати со истите чувства. Ќе се чувствате волшебно.

ЗДРАВЈЕ: Проверете ја штитната жлезда.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Ќе имате проблематична комуникација па тешко ќе доаѓате до важни информации. Деловните активности ќе ви бидат отежнати.

ЉУБОВ: Една Девица е заинтересирана за вас и ќе направи многу нешта за да и посветите внимание.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Можни се некои проблеми со деловниот партнер или со надредените. Бидете смирени не избрзувајте со потезите.

ЉУБОВ: На ова поле ќе владее нервозата бидејќи со партнерот не можете да се договорите за многу нешта.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со бубрезите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП