Тим млади српски научници од Факултетот за технички науки во Нови Сад, предводени од професорот Горан Стојановиќ, дошле до идеја да направат маска која може да го открие коронавирусот и тоа само преку здив.
Кога компонентите во форма на кондензатор се извезени со сребрен конец на неjзината внатрешна страна, маската може да открие дали го имаме овој опасен вирус во нашето тело.
Оваа необична, но многу корисна маска е идеја на Горан Стојановиќ, професор на Факултетот за технички науки во Нови Сад и тим од негови млади колеги и научници. Со трпелива работа и истражување, таа „изникна“ во лабораторијата на Научно-технолошкиот парк во Нови Сад.
Ентузијастите, може да се каже, со детска љубопитност, во простории полни со компјутери и други електронски уреди, но и со машина за везење, не мируваат и не застанаа тука. Маската треба, врз основа на здивот, да открие дали оној што ја носи има и Helicobacter pylori.
Наскоро ќе „работи уште една работа“, да не стопли во зимските месеци!
Кондензаторите го откриваат корона вирусот, односно кога дишеме на кондензаторот извезен во маската, ги менуваме електричните својства на таа електронска компонента, а сензорот кога ќе се поврзе со компјутер или апликација за мобилен телефон, се менува.
„Кога дишеме, можеме да забележиме промена во она што го вдишуваме или издишуваме и може да се види дали белите дробови се болни или не“, објаснува професорот Стојановиќ како функционира сето тоа, додавајќи дека слабиот капацитет на белите дробови е знак за ковид.
Дома, секој може прелиминарно да се тестира на овој вирус.
Маските неодамна се патентирани и моментално ги носат само членовите на тимот на факултетот, а реално е да се очекува во блиска иднина да се купат во аптеките и продавниците.
Професорот Стојановиќ и неговиот млад тим дошле до идеја маските да ни го загреваат лицето во зима, што, како што истакнува, е корисно за зимските спортови, за лизгачите и скијачите. Наскоро ќе можат да се вградуваат и во други работи, па зимурните луѓе полесно ќе издржат пониски температури.
„Друга, дополнителна придобивка од заштитната маска е тоа што на оние кои ја носат може да им открие дали имаат Helicobacter pylori во телото“, открива професорот Стојановиќ на што работат во моментов.
„Сензорите вградени во маските ќе можат да детектираат Helicobacter pylori од здивот.