10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСалах ќе добие неделна плата од 592.000 евра

Салах ќе добие неделна плата од 592.000 евра

Мохамед Салах, наскоро би можел да стане фудбалерот со најголема плата во Премиер лигата.

Ливерпул има намера да го задржи својот најдобар играч. ЕСПН, тврди, дека „црвените“ на Салах му понудиле неверојатна неделна плата од 592.000 евра.

Репрезентативецот на Египет, во 2017 година, од Рома пристигна во Ливерпул. Клубот од „Енфилд“ за неговиот трансфер издвои 40.000.000 евра. Салах беше еден од најзаслужните што Ливерпул по 30 години ја освоија Премиер лигата, претходно со клубот ја освои и Лигата на шампионите.

Оваа сезона, Салах на 24 натпревари има постигнато 22 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП