Само Македонија е во главата на италијанскиот селектор Роберто Манчини. Италија ќе ја пречека Македонија, во полу-финалниот бараж, за пласман на Светското првенство во Катар на 24.март 202 година. Победникот од овој дуел за место на Мундијалот ќе се бори со подобриот од пресметката помеѓу Португалија и Турција.
Актуелните европски шампиони не успеаја да изборат директно учество на СП. Групата во која играше Италија ја освои репрезентацијата на Швајцарија. Азурите сега по потешкиот пат ќе се обидат да дојдат до Катар.

