6 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Lotus“ во еден ден „пензионираше“ дури три модели: Збогум, „Elise“, „Exige“ и...

„Lotus“ во еден ден „пензионираше“ дури три модели: Збогум, „Elise“, „Exige“ и „Evora“!

Британскиот производител на спортски автомобили се збогуваше со три модели – во пензија заминаа „Elise“, „Exige“ и „Evora“.

Овие модели ја дефинираа компанијата со децении откако „Elise“ првично беше лансиран во 1996-та година. По него следеше „Exige“, четири години подоцна, додека „Evora“ е релативно нов модел од 2009-та година.

Компанијата наведува дека за 26 години, вкупно 51.738 од овие автомобили излегле од производната лента, од кои 35.124 примероци на „Lotus Elise“ (последниот автомобил беше жолтиот „Sport 240 Final Edition“), потоа 10.497 единици од моделот „Exige“ ( последно произведен беше „Green Cup 430 Final Edition“), додека производството на „Evora“ заврши со 6.117 произведени автомобили (последниот беше темно металик сивиот „GT430 Sport“).

Сите три примероци ќе останат сопственост на „Lotus“ и ќе станат дел од нивната историска колекција.

51.738 копии на моделите „Elise“, „Exige“ и „Evora“ направени од „Lotus“ во последниот четврт век претставуваат речиси половина од вкупното производство на британската компанија во нејзината 73-годишна историја.

Сепак, бројката е уште поголема, бидејќи „Lotus“ направи дополнителни 9.715 спортски автомобили за други клиенти, како „Tesla“ и „GM“. Станува збор за модели како оригиналниот „Tesla Roadster“, потоа „Opel“/„Daewoo Speedster“ и „Vauxhall VKS220“.

Бидејќи производството сега е дефинитивно завршено, производните ленти ќе бидат демонтирани и заменети со помодерни за изработка на моделот „Emira“. Автомобилот се очекува да започне да се произведува во пролетта 2022-ра година, а „Lotus“ истакна дека ќе може да произведува до 5.000 единици годишно во една смена.

„Додека се збогуваме со овие три автомобили, со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на моделите „Emira“ и „Evija“ кои ќе бидат изградени во сосема новата фабрика во Хетел и монтажните погони во Норвич, кои воведуваат поголема ефикасност и автоматизација, поголем квалитет и флексибилност и носат исклучително возбудливо следно поглавје во нашата стратегија „Vision80““, рече извршниот директор на „Lotus“, Мет Виндл, заблагодарувајќи им се на вработените и клиентите на компанијата за нивната „страст, ентузијазам и поддршка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП