20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИлон Маск: „Метаверзум е недоволно убедлив, Веб3 е небулозен концепт“

Илон Маск: „Метаверзум е недоволно убедлив, Веб3 е небулозен концепт“

Метаверзум и Веб3 се два тренда кои треба да го револуционизираат дигиталниот свет.

Сепак, еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, не е воодушевен од ниту еден од двата споменати тренда.

Во едно неодамнешно интервју, извршниот директор на Tesla истакна дека не гледа доволно убедлива апликација за метаверзум.

Тој, исто така, го нарече Веб3 небулозен концепт во кој интернет услугите се создаваат околу блокчејн и криптовалути, дека се работи повеќе за маркетинг отколку за реалност и дека тој не го разбира тоа.

Маск признава дека можеби е премногу стар за да ги разбере овие нови технологии: „Дали сум како некои од луѓето кои го отфрлија интернетот во 95-та година како каприц или нешто што никогаш нема да се изроди во нешто конкретно?“, нагласувајќи дека во 1995 г. тој беше еден од оние кои го разбраа потенцијалот на интернетот.

Критиката на Маск за метаверзумот се фокусира на недостатокот на убедлива употреба во соодветни ситуации, како и на разочарувачкото искуство за некои корисници.

Во моментов, многумина го опишуваат метаверзумот како претерано брендинг искуство за низа виртуелни светови, од кои некои бараат употреба на VR шлемови/очила за пристап.

Критичарите на концептот истакнуваат дека сите овие технологии сме ги испробале и претходно, и дека бумот на VR пропадна во 1990-тите, додека просторите како Second Life станаа попопуларни.

Новата верзија на метаверзумот главно се заснова на подобрен хардвер, привлечно име и поддршка од милијарди долари од гиганти како што е Мета, кои би сакале да го контролираат она што го гледаат како следна голема дигитална платформа.

Од друга страна, Веб3 претставува уште една алтернативна визија за иднината на интернетот. Концептот се води од идејата дека обичните интернет корисници ќе можат директно да имаат корист од нивната содржина и онлајн активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП