Еден Азар уште има фудбал во нозете, коментираат фудбалските фанови на социјалните мрежи по неговиот можеби најдобар натпревар во дресот на Реал Мадрид вчера против Атлетико Билбао, каде што „кралевите“ стигнаа до 2:1 победа со двата голан а Карим Бензема.
Тренерот Карло Анчелоти, кој претходно изјавуваше дека Азар нема да игра бидејќи тој така одлучил, сега му даде втор старт во низа на Белгиецот и по мечот изјави: „Тој се врати“. Видео-хајлајтсот од мечот го покажува Азар како постојана закана за одбраната на Билбао и покажа дека не го загубил осетот за додавање, а интересно играше и во одбраната.

