27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗенит понудил 30 милиони за Манџукиќ

Зенит понудил 30 милиони за Манџукиќ

manzda

Рускиот прволигаш Зенит сака да го доведе во своите редови Марио Манџукиќ, а на Баерн најверојатно му понудиле 30 милиони евра за хрватскиот репрезентативец.

Како што пренесуваат медиумите во Германија, тимот од Санкт Петерсбург испратил официјална понуда до шампионот на Европа, додека спортскиот директор Дитмар Бајерсдорфер веќе контактирал со агентот на Хрватот, Иван Цвјетковиќ.

Манџукиќ новата сезона во дресот на Баерн ја започна со два гола во првите две кола во Бундеслигата, додека не беше успешен во Суперкупот и Купот на Германија.

Минатата сезона тој настапи на 40 средби и постигна 22 гола, а беше стрелец и во финалето од Лигата на шампионите на „Вембли“ во победата над Борусија Дортмунд (2:1).

Претходно Манџукиќ играше за Волфсбург, Динамо Загреб, Загреб и Марсонија. Хрватскиот репрезентативец има 27 години, а за националниот дрес забележа 40 настапи и даде 11 голови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП