20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗверев: Тројца имаат 20 гренд слема, но Новак е едноставно над сите

Зверев: Тројца имаат 20 гренд слема, но Новак е едноставно над сите

Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, во тој редослед, доминираа во машкиот тенис во последните 20-тина години, но за Александер Зверев, еден од новата генерација која требаше да пристигне на големата сцена одамна, вели дека Ѓоковиќ едноставно има предност пред другите кога се зборува за најдобриот.

„Тоа што тројца имаат 20 гренд слем титули е неверојатен факт и нема да се повтори во иднина. Тие играат еден против друг веќе 15 години, и немаат повеќе гренд слем титули бидејќи еден од другите го освоил. Но, бројките не лажат, Новак е на врвот. Дури и сега да престанат тројцата да играат, Новак ќе биде број 1. Федерер и Надал секогаш имале повеќе фанови меѓу публиката, но и меѓу медиумите, но Новак не беше ваков миленик. Тоа е факт, но веќе никој не може да ги игнорира бројките. Тој има исто гренд слем титули како Федерер и Надал, а повеќе Мастерс титули, повеќе недели како број 1, повеќе во која било тениска категорија. Спортски и според успехот, никој не е пред него“, вели Зверев за „Еуроспорт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП