Славната шпанска поранешна тенисерка, Аранча Санчез-Викарио, освојувачка на 29 ВТА титули во долгата кариера, се наоѓа пред финансиски крах и криминална истрага која може да ја однесе зад решетки четири години, откако шпанските обвинители отворија истрага.
Според весникот „Ел паис“, Санчез-Викарио, која освои над 17 милиони евра само од наградни фондови во тенисот во 1990-тите, постојано имала финансиски проблеми, но сега обвинителите тврдат дека таа лажела каде се нејзините поседи за да не ги плаќа долговите.

