21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекордни финансиски резултати на „милионерите“

Рекордни финансиски резултати на „милионерите“

borusija

Борусија Дортмунд објави импресивни финансиски резултати за сезона 2012-13, која во финансиска смисла се покажува за најуспешна во 103-годишната историја на клубот.

Од јули 2012-та до јули 2013-та година, Борусија има рекорден промет од 305 милиони евра, што е зголемување од 61,3 процент во однос на претходната година (189 милиони евра) и речиси 200 проценти зголемување во однос на шампионската сезона 2009-10.

Успехот во Лигата на шампионите ги зголеми приходите од телевизиските права на 88 милиони во споредба со 60-те во претходната година. Комерцијалните приходи се 121 милиони, а оние од натпревари 44 милиони, што прави комбинирани „фудбалски“ приходи од 253 милиони евра.

Освен тоа клубот обезбеди 52 милиони од продажбата на Марио Гетце и Иван Перишиќ во текот на летото. Буџетот за плати се зголеми за 34 проценти од 75 милиони на 100 милиони за сезоната 2013-14.

Како целина, екипата од Дортмунд излегува од финансиската година со добивка од 53,5 милиони евра – зголемување од 86 проценти во однос на сезона 11-12.

„Ние растеме многу брзо и бевме многу динамични со години. Одличен предизвик е да се справиш со неизбежните организациски и структурни промени “, изјави претседателот на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП