19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко се плашите дека ќе добиете РАК, тогаш не правете го ова!

Ако се плашите дека ќе добиете РАК, тогаш не правете го ова!

Болеста, која е чума на модерното време е секако ракот. Ако не сакате да го добиете, морате веднаш да ја промените оваа лоша навика и ќе го намалите ризикот да ви биде дијагностициран рак.

Најновата студија покажува дека недостатокот на редовен сон, како и работата во смени, може да предизвикаат рак, пишува стручното списание „The Science Times“

Истражувачите откриле дека глувците заразени со генот за рак на дојка, кај кои внатрешниот часовник секоја недела во текот на една годината бил одложуван за 12 часа, туморите се појавиле осум недели порано од очекуваното.

Студијата исто така покажала дека глувците со лоши навики на спиење се здебелиле за 20 проценти повеќе од оние кои спиеле правилно и покрај тоа што немало никакви промени во нивната исхрана.

Ризикот за рак на дојка кај жените кои постојано ги менуваат навиките на спиењето може да се појави дури пет години порано – велат научниците, истакнувајќи дека жените кај кои постои ризик од рак на дојка во семејството не треба да работат во смени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП