11 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNOKIA со профит од 202 милиони евра

NOKIA со профит од 202 милиони евра

nokia

Финската компанија „Nokia“ во четвртиот квартал од минатата година, остварила нето профит од 202 милиони евра, во однос на нето губитокот од 750,5 милиони евра во истиот период на 2011 година, со што е забележан прв квартален профит во последните 18 месеци.

Приходите на „Nokia“ во  четвртиот кваратал паднале за 20 отсто, на осум милијарди евра, а компанијата објавила уште полоша прогноза, наведувајќи дека очекува оперативната маржа во првиот овогодишен квартал да биде околу „минус два отсто, плус или минус четири  процентни поени“, поради растот на конкуренцијата на пазарот како што се лидерите „Samsung“ и „Аpplе“, пренесе агенцијата AP.

„Nokia“ наведува дека во последниот квартал од минатата година продала 15,9 милиони смартфони во однос на 19,6 милиони во истиот квартал на 2011 година.

Компанијата соопшти дека по прв пат во последните 20 години нема да исплаќа дивиденди на акционерите.

Акциите на „Nokia“ утрово на хелсиншката берза се зголемија за околу 3,62 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП