4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПорто плаќа вештерка 15.000 евра месечно за да ја освои титулата

Порто плаќа вештерка 15.000 евра месечно за да ја освои титулата

Португалскиот фудбал ни носи уште една приказна поврзана со култното и фудбалот откако весникот „Абола“ тврди дека Порто има вработено вештерка што ја плаќа 15.000 евра месечно за да помогне тие да ја освојат титулата.

Според нивните извори, претседателот на клубот, Жорге Нуњо Пинто да Коста, ја вработил Мадалена Аросо, официјално како доктор во тимот, со што таа е најдоброплатената вработена во Порто, нешто што наиде на лута реакција на навивачите.

Аросо навдно е видовита личност, која може да гледа во иднината и да предвидува резултати на мечеви и била вработена ова лето за да помогне Порто да си ја врати титулата што ја загуби од Спортинг Лисабон минатата сезона. И засега очигледно функционира – тимот на Сержо Консеисао е на првото место на табелата по 14 меча, со подобра гол-разлика од Спортинг и ист број поени и четири пред Бенфика.

Ова не е првпат окултното да се поврзува во португалскиот фудбал. Во 2017 година портпаролот на Порто, Франциско Маркес, го обвини тогашниот претседател на Бенфика, Филипе Виеира (кој беше уапсен за даночна измама), дека со вештерство се обидува да ја освои титулата. Тогаш Бенфика го ангажирала Армандо Нага, полицискиот комесар од Гвинеја-Бисау. Бенфика тогаш ја освои двојната титула.

Во 1987 година, пак, Порто го ангажира парапсихологот Делане Виеира да пушти две жаби на стадионот „Пратер“ во Виена за да помогне да се освои Европскиот куп – Порто ја освои првата европска титула со 2:1 победа над Баерн Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП