23 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСтопира куршуми - нов луксузен „iPhone 13“ (ВИДЕО)

Стопира куршуми – нов луксузен „iPhone 13“ (ВИДЕО)

Производител на луксузни телефони повторно создаде „iPhone 13“ со неколку интересни карактеристики.

Рускиот производител „Caviar“ пред повеќе од една година ги претстави модифицираните верзии на телефонот од серијата „iPhone 12“, на кои ги отстранија сите камери, а се наменети за корисниците кои се загрижени за безбедноста.

Сега брендот, познат по производството на луксузни телефони, ја има верзијата 2.0 од овие телефони. Новитет е додавањето на оклоп отпорен на куршуми (BR-2 класа 2), кој е создаден од брендот „NPO TCIT“, кој е специјализиран за оклопни возила и борбени хеликоптери.

Моделите „Stealth 2.0 iPhone 13 Pro“/ „Pro Max“ се промовираат како толку моќни што можат да издржат куршум од пиштол, по што остануваат функционални.

„Caviar“ има и верзија на телефонот, создадена од титаниум со голем влијание, кој исто така може да „преживее“ куршум од пиштол и ги има сите четири сензорски камери непроменети.

Ќе бидат произведени само 99 телефони „Stealth 2.0 iPhone 13 Pro“/„Pro Max“. Заинтересираните ќе можат да изберат помеѓу моделите „iPhone 13 Pro“ или „Pro Max“ со 128GB или до 1TB простор за складирање податоци.

Најевтината верзија на овој телефон е по цена од 6.370 долари, додека најлуксузниот „13 Pro Max“ со простор за складирање од 1 TB чини 7.980 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП