29 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Instagram“ ја надмина границата од 2 милијарди активни корисници

„Instagram“ ја надмина границата од 2 милијарди активни корисници

„Instagram“ веќе има 2 милијарди активни корисници на месечно ниво, пренесува „CNBC“.

Изданието потсетува дека „Facebook“ не давал податоци за корисниците на апликацијата се до јуни 2018-та година, кога беше надмината границата од 1 милијарда луѓе.

Вработен во компанијата, сега наречена „Meta“, изјави за „CNBC“ дека психолошката граница од 2 милијарди корисници е достигната околу една недела пред „Facebook“ да го промени името, или со други зборови во октомври.

Да потсетиме дека „Instagram“ е создаден во 2010-та година и „Facebook“ го купи две години подоцна за 1 милијарда долари.

На нејзината апликација и беа потребни 8 години за да достигне 1 милијарда корисници, како и 3 нови за да го удвои тој број.

Според најновата студија на „Forrester“, 63% од Американците на возраст меѓу 12 и 17 години користат „TikTok“ на неделно ниво, во споредба со 57% за „Instagram“. „TikTok“ е превземен на 596,1 милиони уреди на „Apple“ и „Google“ во оваа година, во споредба со 570,7 милиони за „Instagram“, според „SensorTower“.

Заклучно со октомври, „Facebook“ има 2,91 милијарди активни корисници на месечно ниво. Во времето кога корисниците на „Instagram“ се удвоија, „Facebook“ забележа пораст од 30%.

„eMarketer“ проценува дека приходите на „Facebook“ за следната година се очекува да достигнат 135,1 милијарди долари, или 18% повеќе од оваа година.

Растот за „Instagram“ се очекува да биде 30% до 60,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП