11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТопџиите даваат 40 милиони фунти за Бензема

Топџиите даваат 40 милиони фунти за Бензема

benzema

Екипата на Арсенал одлучи да доведе напаѓач од светска класа, а како таков менаџерот Арсен Венгер го гледа сонародникот Карим Бензема.

Како што јавуваат медиумите од Островот, „топџиите“ се подготвени да платат 40 милиони фунти, колку што изнесува обештетувањето за 26 годишниот напаѓач на Реал Мадрид.

Приоритет на Венгер за ова лето е доведување на врвен центарфор, а по „следењето“ на францускиот репрезентативец веќе неколку години, понудата на лондонскиот клуб би можела да ги задоволи апетитите на „кралскиот клуб“, кои би можеле парите да ги потрошат за доведување на Герет Бејл од Тотенхем.

Менаџерот на Арсенал го посакуваше Бензема уште кога тој настапуваше во дресот на Лион, а по неуспешните обиди за доведува не на Игуаин и Суарез, сонародникот на Венгер се одвои како идеално решение во офанзивната линија на тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП