22 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВиртуелната реалност на следната генерација пристигнува во 8K резолуција (ВИДЕО)

Виртуелната реалност на следната генерација пристигнува во 8K резолуција (ВИДЕО)

Прототипот на „VR“ кацига, најавена од „Sony“, ја зголемува верноста на сликата, го намалува доцнењето и ќе користи „OLED“ микро дисплеи.

Според она што беше најавено, „VR“ кацигата ќе има цели кои се многу подалеку од играњето игри. Прототипот е развиен од одделот за истражување и развој на „Sony“.

За време на настанот „Sony Technology Day“, инженерите на компанијата демонстрираа визуелни подобрувања, кои користат микро дисплеи за двете очи.

Поединечно, овие дисплеи нудат приказ на слики во 4K, додека комбинацијата обезбедува квалитет во 8K.

Имплементирањето на микро дисплеј значи и дека кацигата ќе биде помала и полесна, што ќе го намали притисокот при носењето на главата.

Намалената латентност ветува потечни и реални движења додека го користите уредот.

Во придружното видео, се предлага „VR“ кацигата да се користи за инженерски цели, медицинска обука и поддршка за производство, но и за забава во живо.

Технологијата не се очекува за „PSVR“, што значи дека најверојатно нема да биде достапна за стандардните корисници, барем во почетниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП