Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ (40) синоќа во судиското надополнување го спаси својот Милан од пораз кај Удинезе, а со тоа влезе во историја – трет фудбалер кој успеал да дојде до 300 гола во петте најсилни фудбалски лиги во Европа.
Досега ова им успеало само на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси. Роналдо има 483 гола, а Меси 475 гола во „Лига петка“.

