2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Потоп“ за Пандев и Шевченко во дербито на Џенова

„Потоп“ за Пандев и Шевченко во дербито на Џенова

Џенова, со нови газди и со нов тренер Андриј Шевченко, продолжи со поразите во Серија А, губејќи во славното „Дерби дела лантерна“, односно дербито на Џенова од Сампдорија со 1:3.

Горан Пандев, повторно ја доби довербата на Шевченко да биде стартер за „Грифоне“, меѓутоа, работите не одеа најдобро за најстариот фудбалски клуб во Италија, кој ќе се бори грчевито за опстанок. Маноло Габијадини уште во 7. минута донесе водство за Сампдорија, пред Франческо Капуто да зголеми на 0:2 во 49. минута. Катастрофата за Џенова ја најави Габијадини во 67. минута, со својот втор гол за 0:3. Матија Дестро во 78. минута даде надеж за камбек на Џенова, но на крајот поразот не можеше да се избегне.

Ова беше првпат Сампдорија да ја победи Џенова во градското дерби по четири меча.

Џенова сега е на претпоследното место на табелата со 10 поени, два помалку од безбедната зона, додека Сампдорија, која во мечот влезе со претседател во затвор (Масимо Фереро беше уапсен за сомнителни бизниси и најави продажба на клубот), е на 14. место со 18 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП