Иако состојбата на табелата беше одлучена и пред последното коло, Лионел Меси и Килијан Мбапе покажаа фантастична форма за 4:1 победа на Пари Сен-Жермен над Клуб Бриж, додека Манчестер сити, како освојувачи на групата, загубија на гости кај РБ Лајпциг, клуб кој завчера го отпушти тренерот поради лошата форма.
Прв на сцената на „Паркот на принцовите“ стапи Килијан Мбапе, кој во фуриозен старт успеа да постигне два гола, во 2. и во 7. минута за најава за катастрофа на белгискиот гостин. Лионел Меси, повторно со магичен гол од слободен удар во 38. минута зголеми на 3:0, пред во второто полувреме, Ритс да врати еден гол за Бриж во 68. минута од мечот, пред осум минути подоцна, Меси од пенал да зголеми на 4:1.

