26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Google“ и „Meta“ ја засилуваат својата доминација во дигиталното рекламирање

„Google“ и „Meta“ ја засилуваат својата доминација во дигиталното рекламирање

Глобалната адвертајзинг индустрија ќе постигне повисок раст оваа година од очекуваниот, бидејќи брендовите повеќе се потпираат на пребарувачите и компаниите како „Google“ и „Meta Platforms“ за да стигнат до потрошувачите за време на пандемијата, според две прогнози на рекламната индустрија, пренесува „Reuters“.

„И покрај една година одбележана со прекини во глобалниот синџир на снабдување што го одложи пристапот на производите до полиците на продавниците и мерките за приватност на „Apple“, за кои многумина стравуваат дека ќе го оштетат мобилното рекламирање, брендовите продолжуваат да се рекламираат на интернет бидејќи враќањето во физичките продавници е бавно поради тековната пандемија“, изјави Џонатан Бернард, директор на рекламната фирма „Zenitch“.

„Новите бизниси создадени за време на пандемијата мораа да се рекламираат за да привлечат клиенти, додека други ги задржаа трошоците за рекламирање за да останат во главите на потрошувачите“, рече Брајан Вајзер, глобален претседател на рекламната агенција „GroupM“.

„GroupM“ прогнозира дека глобалните трошоци за рекламирање ќе пораснат за 22,5% во 2021-ва година во споредба со претходната година, додека „Zenitch“ очекува раст од 15,6%. И двете прогнози се ревидирани нагоре од претходните.

Според компаниите, трошоците за рекламирање се очекува да се зголемат за околу 9% во 2022-ра година.

Растот е добредојден за „Alphabet“, „Meta“ и „Amazon.com“, големи продавачи на онлајн рекламирање, кои моментално чинат повеќе од половина од сите трошоци за рекламирање надвор од Кина. Ова претставува зголемување од речиси 40% во 2019-та година, според „GroupM“.

Во меѓувреме, „Alphabet“ и „Meta“, пак, се соочуваат со антимонополски истраги во САД и Европа.

Потребата за огласувачите директно да допрат до потрошувачите доведе до успех на трговците на мало како што се „Walmart“, „Target“ и „Kroger“, кои брзо развија сопствен бизнис за рекламирање, дозволувајќи им на брендовите да ги користат нивните податоци за клиентите за попрецизно таргетирање. Оваа форма на рекламирање порасна за 47 отсто во оваа година на вкупно 77 милијарди долари и се очекува да се зголеми на 143 милијарди долари до 2024-та година, додаде „Zenitch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП