Стефан Ристовски тешко го поднесе поразот во дербито со Хајдук. Екипата од Сплит забележа победа на „Максимир“ во Загреб (2:0). По завршувањето на натпреварот се случи инцидент, кој не беше нотиран во завршниот извештај, а во кој учествуваше Стефан Ристовски.
Хрватските медиуми известија дека Ристовски се обидел да се пресмета со еден од резервните фудбалери на Хајдук, кој влегол на теренот по завршувањето на натпреварот. Ристовски се обидел да му удри шлаканица, а во тоа го спречил соиграчот од репрезентацијата, Јани Атанасов.


