27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОблога која ја ублажува кашлицата и го олеснува дишењето: Народен лек за...

Облога која ја ублажува кашлицата и го олеснува дишењето: Народен лек за исфрлање на секретот од дишните патишта

Оваа ароматична облога на градите помага во исфрлувањето на наталоженииот шлајм кај децата и возрасните и е многу делотворна при лекување на кашлицата.

Потребно ви е:

– 4 лажици органско брашно

– 4 лажици паста од ѓумбир (пола чаша вода и 220 гр свеж ѓумбир се мешаат во блендер)

– 4 лажици мед

– 4 лажици масло од кокос

– 60 капки етерично масло од еукалиптус

– 20 капки етерично масло од пеперминт

– 20 капки етерично масло од рузмарин

– 1/4 лажичка цимет

За облогата:

Потенка крпа или газа

Подготовка:

Сите состојки добро измешајте ги.

Пастата сипете ја во тегла.

На крпата или газата ставете 1/2 лажица од пастата и размачкајте.

Залепете на градите и оставете ја така неколку часа, најдобро преку ноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП