Фудбалерот на Арсенал, Габриел, се пресметал со крадци во својата гаража. Еден од нив е уапсен и ќе лежи во затвор пет години.
Снимката која ја објавија британските медиуми е од август оваа година. Габриел, во тој период се рехабилитирал од повредата на коленото. Крадците го следеле до неговиот дом влегле во неговата гаража, со бејзбол палки му се заканиле и му го побарале часовникот, телефонот и автомобилот „Мерцедес“, вреден 50.000 евра.

