Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека неговиот клуб нема да носи засилувања во јануарскиот преоден рок, иако не ја отфрли можноста некој да си замине од клубот по шпекулациите за „отпадниците“ Еден Азар и Иско.
Реал има одличен старт на сезоната, со прво место во Ла лига по 14 кола, и безбеден пласман во осминафиналето на ЛШ, но се тврдеше дека е можно да се купи некој фудбалер во јануари, со Килијан Мбапе и Антонио Ридигер како главни цели.

