20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПјаниќ останува во Рома

Пјаниќ останува во Рома

pjanic

Босанскиот репрезентативец кој настапува во Рома, Миралем Пјаниќ ќе остане во тимот и во текот на оваа сезона, изјави агентот на фудбалерот.

Екипата од Рим веќе се раздели со двајца играчи, Маркињос кој замина во редовите на ПСЖ и напаѓачот, Пабло Освалдо кој беше продаден на Саутемптон. Во моментов се зборува дека Босанецот и Ерик Ламела исто се на чекор да си заминат, а екипата на Тотенхем покажа сериозен интерес и за двајцата.

„Миралем ќе остане фудбалер на Рома. Тој нема да биде продаден ова лето, во никој случај“, контрира агентот на Пјаниќ, Микеле Гербино.

23-годишниот играч пристигна на „Олимпико“ во 2011-та година од редовите на француски Лион за околу 11 милиони евра. Оттогаш досега тој одигра 60 натпревари за римјаните, во кои постигна вкупно 7 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП